недела, 23 јули 2017  |  Вести денес: 35

„Велт“: Бегалците ја избегнуваат „балканската рута“

begalci

Поврзани вести

Бегалците настојуваат да ја избегнат т.н. балканска рута кон Европа поради остри тамошни контроли и наместо тоа планираат да користат поризична рута преку Средоземното Море, објави „Велт ам зонтаг“ повикувајќи се на западни разузнавачки служби.

Околу 200.000 бегалци моментно се долж брегот на Медитеранот во Либија, а голем дел од нив се од Сомалија, Еритреја, и Нигерија и чекаат поволни временски прилики за да дојдат во Европската унија.

Истовремено, дел од бегалците може да тргне и по друг пат – Од Турција преку Црно Море или преку територија на Грузија и Русија, објави весникот.

Фронтекс регистрирала влез на повеќе од 1,5 милиони мигранти во држави од ЕУ во минатата година.

Најчитани вести