Издадени нови 372 потврди на мигранти за 24 часа

Во текот на изминатите 24 часа Министерството за внтрепни работи издало нови 372 потврди на мигранти за остварување на правото за барање азил.

Од нив 104 се од машки и 102 од женски пол, како и на 166 деца кои го придружуваат носителот.

Како што соопшти денеска МВР, според државјанството, 250 потврди се издадени на државјани на  Сирија, 113 потврди на државјани на Ирак и девет потврди се издадени на државјани на Авганистан.

Во периодот од 1 јануари годинава до денеска издадени се потврди на вкупно 84.359 странски државјани, од кои 33.598 се од машки пол, 18.287 се од женски и 32.269 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 205  деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 40.658, Авганистан – 26.544 и Ирак – 17.154.

Во истиот период до Секторот за азил барањеза признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.