недела, 26 март 2017  |  Вести денес: 25

Експертите едногласни: Може да се стигне на избори на 24 април

избори-гласање-11-7-

Последни вести

Може да се стигне изборите да се одржат на 24 април како што е договорено и потпишано од четирите политички партии, едногласно сметаат домашните и странските политички аналитичари и експерти.

Тие велат дека бегството од изборите и евентуалната промена на датумот е директно кршење на договорот од Пржино на кој потпис ставија и се согласија лидерите не четирите најголеми политички партии.

Претседателот на Групата на европски народни партии и на демохристијаните во Парламентарното собрание на Советот на Европа Аксел Фишер во петокот преку пишана изјава го поддржа одржувањето на предвремените парламентарни избори во Македонија на 24 април, согласно договорот од Пржино. Фишер е еден од највлијателните германски пратеници, пратеник е од 1998 година и е претседател на ЕПП во Совет на Европа.

aksel-fi[er

– Претстојните избори во Македонија се најважниот дел на демократијата. На тој ден граѓаните имаат можност да ги изберат своите претставници и ниту една партија, организација или институција не може да го попречи ова право. Ги поддржувам парламентарните избори на Македонија што треба да се одржат на 24 април како највисока демократска можност за граѓаните да ги изберат нивните претставници во Парламентот, да изберат кој ќе ја води земјата во претстојните четири години, стои во изјавата на Фишер.

Тој воедно апелира до сите политички партии да не ги бојкотираат изборите поради теснопартиски причини, но бара и од ДИК и МВР да ги направат сите подготовки за кредибилни избори.

Никој не смее да го попречува овој важен процес. Парламентарното собрание на Советот на Европа ќе распореди своја мисија за набљудување на изборите на 24 април. Се надевам дека сите политички партии ќе учествуваат на овие избори со што ќе го забрзаат евроинтеграцискиот процес на Македонија и нејзините граѓани, се вели во изјавата на Фишер.

Поддршка од меѓународната заедница за одржување на изборите на 24 април бара и поранешниот портпарол на НАТО Џефри Гордон.

j-d-gordon

-Треба да се поддржат парламентарните избори во април, за според договорот, да се обезбеди стабилност. Поранешниот премиер Никола Груевски, кој ја водеше Македонија од 2006-та година се до оставката минатиот месец, е ставен на тест од СДСМ, кои планираат да ги бојкотираат изборите, а за тоа се користат со уцена. Неговиот главен противник, Зоран Заев, објави монтирани аудио снимки од приватни разговори на Груевски, тактика со која би се гордеело поранешното КГБ. Бидејќи анкетите не се во корист на Заев, тој се обидува да го заобиколи процесот. Ниедна демократија не би толерирала ваква политичка корупција. И најголемата иновација на Заев, дозволува цензура на медиумите, нешто што не враќа во комунистичката ера, пишува Гордон.

Политичкиот аналитичар Тони Науновски смета дека никако и никој што и мисли добро на нашата држава не смее да дозволи да се одложат изборите на 24 Април, затоа што Македонија и премногу дозволи против себе самата и најдлабоките национални интереси. Тој смета дека  осмислена стратегија на ова раководство на СДСМ е да спречат демократски избори, затоа што на сите такви досега народот децидно гласал против севкупните политики на СДСМ.

-Политичката совест на оние од СДСМ, која сигурно пробива во нивната партиска свест, се повеќе ги прави политички ирационални, и се повеќе ги открива нивните крајни намери –  да ја превземат власта без гласање, избори и демократска одлука на народот кој единствено може да даде политички легитимитет. После ова спуштање на нивото на јавното и политичкото во РМ, што трае повеќе од една, премачна година за секој разумен Македонец, СДСМ ќе ја добие заслужената изборно-гласачка казна, наскоро, на 24 Април, вели Науновски.

Според универзитетската професорка Татјана Каракамишева – Јовановска избори на 24 април ќе има, а Република Македонија согласно Уставот и согласно меѓународното право има суверени граѓани кои одлучуваат за својата земја.

Karakamiseva

-Суверенитетот на граѓаните е највисоката, суверената власт во државата. Не е највисока власт во државата ниту онаа што ја покажува Заев на прес-конференции, ниту онаа што некои амбасадори на странски држави сакаат да ни ја наметнат. Суверената власт е во народот, во граѓаните, и ако и сакаме добро на нашата татковина, ако сакаме во услови на сериозни предизвици со кои се соочува цела Европа, вклучително и ние, да се справуваме со нив како стабилна и цврста држава, мора да излеземе на избори и да организираме стабилни политички институции кои ќе ја штитат државата од сите неволји и опасности што и демнат. Судбината на Република Македонија мора да остане во граѓаните и во народот, заклучува Каракамишева- Јовановска.

Оптимист дека избори на 24 април ќе има е и аналитичарот Александар Пандов, бидејќи како што вели создадени се услови за тоа.

И странските и домашните експерти согласни се и дека евентуалното одложување на изборите ќе донесе нови безбедносни и економски ризици за Македонија. Странските аналитичари пат велат дека западноевропските земки треба да разберат што се случува од стратешка перспектива.

 

Најчитани вести