ДИК се уште без одговор за дебата за изборите кои треба да се одржат на 24 април

Молк во Државната изборна комисија по повикот на ВМРО-ДПМНЕ денес ДИК да одржи јавна седница или работен состанок на кој би се дискутирало околи ингеренциите, законските обврски и можности кои ги има изборната комисија. Од ДИК се уште нема одговор дали ќе се одржи дебата за изборите кои треба да се одржат на 24 април според договорот од Пржино на кој потпис ставија лидерите на четирите најголеми политички партии, пишува Курир.

Претседателот на ДИК Александар Чичаковски и портпаролот на Државната изборна комисија денеска не одговариле на телефонските повици и СМС пораки новинаритна порталот за да дадат одговор дали ДИК планира да свика јавна седница и дали изборната комисија има донесено одлука за тоа дали може изборите да се одржат.

sms

Останува нејасно зошто од Државната изборна комисија молчат се уште и не одговараат. ДИК не е политичко, туку извршно тело кое има за задача да ги спроведе сите постапки кои се однесуваат на изборите. Притоа истата не е попречена во извршување на своите задачи.

За потсетување, членот на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Илија Димовски на денешната прес-конференција ја повика ДИК до крајот на денот да одржи јавна седница на која би присуствувале најмалку два члена од четирите големи политички парии кои го ставија својот потпис на пржинскиот договор.

Димовски посочи дека би било добро седницата да се пренесува во живо и ги повика во дебатата да се вклучат и заинтересираните меѓународни претставници кои го следат изборниот процес.

-Само на овој начин ќе бидеме убедени и ние како политичка партија и граѓаните во искреноста на целокупниот процес кој досега го водевме од аспект на неговата крајна цел, а тоа е конечен излез од кризата во која на вештачки начин беше втурната Македонија. Само на овој начин граѓаните од прва рака ќе ги видат аргументите и ќе може сами да судат околу фактите и проценките. Според информациите кои до нас стигнаа од ДИК и странските експерти кои таму работат, вкрстувањето на податоците, во најлош случај, со мрзлива и неодговорна работа може да се заврши за максимум 14 дена, истакна денес Димовски.

Извор: Курир.мк

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.