вторник, 29 ноември 2016  |  Вести денес: 39

Времето сончево, температура до 18 степени

lepo-vreme-mondo-stefan-stojanovic-27

Поврзани вести

Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло, а во западните делови со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од минус два до шест, а дневната од 15 до 21 степен.

Во Скопје ќе биде сончево со слаб ветер од југоисточен правец.

Утринската температура ќе достигне до два, а дневната ќе се искачи до 18 степени.

Во вторник кон крајот на денот се очекува локално зголемување на облачноста и слаб дожд. Локални врнежите од дожд ќе има и во среда кои ќе условат пад на дневните температури за околу  3 до 5 степени.

Најчитани вести