Едно лице загина во сообраќајка во Прилеп

Едно лице го загуби животот во сообраќајната несреќа што се случила утрово околу три часот на улица „Александар Илиески-Кусиот“ во Прилеп. Животот го загубил 39 годишниот прилепчанец Рубинчо Димоски, пренесе МИА.

Според јавниот обвинител  Маријана Илиеска, автомобилот марка „фолксваген поло“ од засега непознати причини удрил во метална конструкција за тутун. Совозачот во автомобилот,  Рубинчо Димоски, од ударот добил расекотини на вратот и искрварил. Починал на пат до градската болница во Прилеп. Возачот не бил повреден.

Јавниот обвинител нареди обдукција за да се утврдат причините за смртта на 39 годишниот Димоски.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.