Петепан старец во битолско

Осумдесет годишниот Р.С. починал вчера како последница на тешките повреди добиени при физички напад.

Полицијата денес соопштува дека 80 годишниот жител на битолското село Маково вчера околу 14 часот бил физички нападнат од соселанецот Р.Р. (52).

Поради тешките повреди во пределот на главата со возило на Итна медицинска помош, Р.С. бил пренесен во битолскиот Клинички центар, каде околу 16 часот им подлегнал на повредите.

Полицијата го привела напаѓачот и по целосно расчистување на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.