Кривична за лица од Ваксинце и Лојане за криумчарење мигранти

Кривична за лица од Ваксинце и Лојане за криумчарење мигранти

Полицијата поднесе кривична пријава против Т.Т. (55) од село Ваксинце поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело криумчарење мигранти.

При извршен претрес во неговата куќа биле пронајдени 17 мигранти од Пакистан и Иран. Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена. Истиот е спроведен и предаден во КПУ Затвор-Скопје.

Додека на 17 февруари во 18.45 часот во кумановското село Ваксинце, од страна на полициски службеници извршен е претрес во домот на М.Н. од село Лојане, при што бил пронајден албански државјанин Ф.С. (26), а со него биле и четворица мигранти од Сирија, Египет и Алжир. Полицијата  презема мерки за целосно расчистување на случајот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.