Притворен убиецот на старецот од Маково

Битолското јавно обвинителство денеска извести дека од урово во притвор е 53-годишниот битолчанец кој е обвинет за кривично дело убиство, кое го сторил вчера во попладневните часови.

„Тој е обвинет дека пред селската продавница во село Маково, општина Новаци, по караница со овчарски стап го удрил неколку пати по главата 83-годишниот соселанец. Повредениот добил повеќе повреди на главата, а подоцна умрел во битолската болница. Надлежниот обвинител до судијата на претходна постапка на Основниот суд во Битола поднесе барање и за определување на мерка притвор за осомничениот“, се вели во известувањето од ОЈО.