Навивачите на „Будуќност“ се степаа и со „Комитите“

Навивачите на „Будуќност“ се степаа и со „Комитите“
Навивачите на „Будуќност“ се степаа и со „Комитите“

Во Скопје вчера во 17.15 часот на ул. „Кеј 13-ти Ноември“ дошло до нарушување на јавниот ред и мир од поголем обем помеѓу навивачка група од Црна Гора и друга група од навивачката група „Комити“. Имено, навивачите на ЖРК Будуќност кои пристигнале во Скопје за да го следат ракометниот натпревар седнале во угостителски објект и по кратко време пристигнале неколку непознати  машки лица. Најпрво меѓу себе си размениле погрдни и навредливи зборови, а потоа си размениле удари со разни предмети кои им биле на дофат од терасите на угостителските објекти, односно се мавале со стаклени шишиња, метални и други предмети.

По кратко време навивачите на ЖРК Будуќност го напуштиле објектот и се упатиле кон хотел Холидеј Ин каде од страна на полициски службеници кои излегле на местото на настанот, биле пресретнати и застанати. При нарушувањето на јавниот ред и мир со повреди се здобил С.Т. (34) од Скопје, кој е пренесен во УЦ-Скопје. Со телесни повреди се здобиле и две лица од Подгорица-Ц.Гора и тоа: Н.М. (21) и Р.Р. (36).  Истите по укажаната лекарска помош во ГОБ-Скопје, се приведени во ПС-Кисела Вода.

Приведени се 23 лица – навивачи од Р.Црна Гора. На пет (5) лица, од кои четири (4) црногорски државјани сочинети им се записници за констатиран прекршок од „законот за спречување на насилство и недостојно однесување на спортски натпревари“ за што им се издадени и платни налози. Со лицето С.Т. (34) извршен е службен разговор и на истиот му е сочинет Записник за констатиран прекршок од истиот закон.

Приведените црногорски државјани во 23.15 часот биле ослободени од ПС Кисела Вода и со придружба биле испратени до граничниот премин Блаце.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.