Пуштен во употреба патот Љубојно-Брајчино

Пуштен во употреба патот Љубојно-Брајчино
Пуштен во употреба патот Љубојно-Брајчино (ФОТО: Утрински весник)

Министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и градоначалникот на општина Ресен Ѓоко Стрезовски денеска го пуштија во употреба локалниот пат што ги поврзува селата Љубојно и Брајчино и ја посетија новоизградената плажа Сливница.

За изградбата на локалниот пат, како што информира министерот Мисајловски, инвестирани се 13 милиони денари. Изградбата на плажата Сливница во должина од околу 100 метри, додаде тој, е во завршна фаза, а потсети и на новоизградената плажа во Стење долга околу 500 метри.

Во завршна фаза се градежните активности на плажата Стење, очекуваме дека набрзо ќе се изврши и технички прием и ќе ја предадеме на општината и оваа летна сезона ќе им биде на располагање на туристите. Вкупната инвестиција за двете плажи е 77 милиони денари, изјави Мисајловски.

Министерството за транспорт и врски, посочи, распиша тендер за нова пешачка патека и велосипедска патека во должина од 5,2 километри, инвестиција од над 52 милиони денари. Паралелнио со овие проекти се гради регионалниот пат Битола – Ресен – Буково, инвестиција од над 5 милиони евра.

Патот Битола – Ресен – Буково треба да заврши до септември годинава. Поради временските услови зимскиот период послабо се работеше, но сега поминав се работи на терен и до септември очекувам комплетно да биде рехабилитиран. Како Влада максимално сме посветени за овој регион и ќе направиме се што можеме и во наредните програми да го развиваме туризмот, да го развивам, е градот и се што е потребно за подобар живот на граѓаните. Максимално инвестираме и ќе продолжиме да инвестираме во патната и во комуналната инфраструктура, рече Мисајловски.