Тодоров: Само СДСМ не е спремен за избори

Членот на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Тодоров во денешното гостување во вестите на Сител ТВ истакна дека до овој момент одлуката на Извршниот и Централниот комитет на владејачката партија е избори на 24. април.

-ВМРО-ДПМНЕ е демократска партија, со висок степен на демократија, внатрешна демократија, во органите и телата на партијата. Во овој момент одлуката на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и одлуката на Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ е за избори на 24 април, рече Тодоров.