Македонија

„Фронтекс“: Поради лошото време намален бројот на пристигнати мигранти во Грција

„Фронтекс“: Поради лошото време намален бројот на пристигнати мигранти во Грција

Поради лошото време во Грција во јануари пристигнале 40 проценти помалку мигранти во споредба со декември минатата година, соопшти денеска европската гранична служба ФРОНТЕКС, пренесува МИА.

Поголемиот број од 68.000 луѓе кои минатиот месец преку Средоземно Море пристигнале во Грција се Сиријци, Ирачани и Авганистанци.

Според податоци на Високиот комесаријат на Обединети нации за бегалци од почетокот на годината повеќе од 101.000 мигранти и бегалци пристигнале во Европа, а 406 луѓе загинале или се водат како исчезнати.

Повеќе од еден милион мигрантии и бегалци пристигнале во Европа минатата година.