Даштески: Има време за избори на 24-ти април

Предвремените избори во Македонија треба да се одржат на 24-ти април, вели поранешниот член на ДИК, Александар Даштески.

Во изјава за ТВ Нова тој вели дека нема можност да не се испочитува овој датум без разлика на изјавите на СДСМ или меѓународната заедница.

-Веќе е донесена одлука за распуштање на Собранието. Нема можност датумот да се смени, затоа што за тоа треба да се смени изборниот законик каде во повеќе одредби го пишува 24-ти април како датум за избори. За да се изгласаат овие измени е потребно двотретинско мнозинство во Собранието, а треба да се води и дебата. За мене останува извесно дека изборите ќе се одржат на 24-ти април без разлика што опозиција не сака да излезе. Има време доколку има разум кај партиите да се разговара и да се решат прашањата до 24-ти април и да се одржат изборите, рече Даштески.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.