Стоилковиќ: ДИК треба да отвори дебата за проблемите, а не да креира хаос

Стоиилковиќ: ДИК треба да отвори дебата за проблемите, а не да креира хаос
Стоиилковиќ: ДИК треба да отвори дебата за проблемите, а не да креира хаос
Претседателот на Демократската партија на Србите, Иван Стоилковиќ  на својот Фејсбук профил напиша дека кога некој како претседател на ДИК ќе се крие зад соопштенија од „два реда“, соодветно ќе мора да се реагира.

За сеачите на магла потсетување дека ДИК е одговорна пред Собранието на Република Македонија.Кога некој како Претседател на ДИК со два реда соопштение ќе се обиде да објасни, а во суштина се затскрива зад својата нетранспарентност и неодговорно работење мора да се реагира на соодветенначин и да се укаже дека таквото однесувањето не е ни од близу на нивото на одговорност на оваа институција во актуелните политички процеси во државата и суштината на процесот за кој истата е одговорна, напиша Стоилковиќ.

stoilkovic


ДИК треба да ја отвори за јавност нејзината работа, а не со бесмислени оправдувања да остава простор за алиби политика на оние кои, ако може во недоглед би ги одложувале изборите, вели тој.

ДИК треба да отвори дебата за проблемите со кои се соочува, а не да создава проблеми во политичкиот процес и креира хаос и безредие. 
ДИК е сервис во севкупниот изборен процес, а не некој кој си замислува дека од него зависи одлуката дали ќе има или не избори.На крајот од краиштата, задачата на ДИК е да обезбеди техничка поддршка на изборниот процес и спроведување на изборите согласно Изборниот законик и таа задача истата ја врши во текот на целиот мандат, а на само пред избори, заклучува тој во својот Фејсбук статус.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.