понеделник, 22 мај 2017  |  Вести денес: 35

Даскаловски: Техничката влада не смее долго да остане на власт

zidas

Последни вести

Tехничката влада не смее долго да остане на власт, кризата мора да заврши, но истовремено тешко е да се предвидат сценаријата, вели професорот и директор на Центарот за истражување и креирање политики, Жидас Даскаловски за Дневник.

Ние не сме Белгија, па да можеме да функционираме со техничка влада на подолг период, тврди тој.

-Тоа е јасно и меѓу другото ако се земат предвид минатогодишните состојби кога политичките процеси ја блокираа земјата, а имавме и безбедносен предизвик во Kуманово од сериозен калибар со жртви и опасност од ескалација на етнички и верски конфликт. Денес дополнително имаме и многу реален предизвик од бегалско-мигрантската навалица на балканската рута, која е можно да биде затворена од страна на соседите. Таа бегалска криза е и ќе биде страшен предизвик доколку се случат лошите сценарија на север, анализира Даскаловски.

Затоа потребна ни е сериозна влада со легитимитет.

– Технички премиер за подготвување на избори со неутврден мандат и влада каде министерствата се поделени на партии кои, благо речено не соработуваат, се несериозни за Македонија во моментов. Ова не е влада како, на пример, на големата коалиција на Германија, заклучува тој.

Најчитани вести