Од почетокот на годината издадени се 85.846 потврди за барање азил

Од почетокот на годината издадени се 85.846 потврди за барање азил
Од почетокот на годината издадени се 85.846 потврди за барање азил

Вчера се издадени потврди на вкупно 714 странски државјани, од кои 262 од машки и 185 од женски пол, како и на 266 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и едно дете кое патува без придружба на родител, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството, потврди се издадени на 500 државјани на Сирија и на 214 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.

Од почетокот на годинава, издадени  се потврди на вкупно 85.846 странски државјани. До сега до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 21 лицe (14 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.