Детали од убиството на Србите во Либија

Детали од убиството на Србите во Либија
Детали од убиството на Србите во Либија
Службеничката на српската амбасада, Слаѓана Станковиќ, која загина во бомбашкиот напад во Либија, неколку месеци пред киднапирањето молела да ја повлечат од мисијата во Либија.Нејзе и’ истекол мандатот уште пред неколку години, но останала таму се до ноември минатата годинам кога е киднпирана, бидејќи не можеле да и’ најдат замена.

Станковиќ на службата во Либија поминала девет години, а загинала заедно со колегата Јовица Степиќ.

 

 

Телата на загинатите Срби требало синоќа да стигнат во Србија, но поради процедурални причини во врска со транспортот, тоа сеуште не се случило. Министерството за надворешни работи ќе почека за транспортот на телата уште малку, а доколку тоа не се случи, телата ќе бидат префрлени преку Тунис од некоја друга земја.

Либија во знак на сочуство понуди свој авион а српската страна побара дозвола за слетување во Триполи. Дозволата засега сеуште не сме ја добиле, рече шефот на српската дипломатија.