Малолетник нападнал момче во центарот на Скопје

Малолетник (16) од скопско, вчера без причина го нападнал Д.М. (21) од Скопје, удирајќи го со удари во пределот на лицето.  Инцидентот се случил на булеварот Крсте Петков Мисирков, во 20 часот, а по нападот, малолетникот се качил во автобус на ЈСП со цел да побегне од местото на настанот, но од страна на полициски службеници бил фатен и приведен во ПС.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.