Повлечени чоколадата „марс“ и „сникерс“, во нив пронајдена пластика

Компанијата „Марс чоколада“ доброволно повлекува дел од своите производи од продавниците низ Германија откако во некои од производите била пронајдена пластика.

Компанијата ги повлекува чоколадите Марс, Сникерс, Милки Веј, Веј минис и Миниатури кои што се произведени со рок на траење меѓу 19. јуни и 8. јануари 2017 година.

Фирмата во својата фабрика во Фирсен произведува околу 10 милиони производи дневно.

„Марс чоколада“ спроведува доброволно повлекување на чоколадни производи откако во некои од нив беше пронајдена пластика“, се вели во изјавата на компанијата.