Еве какво време не’ очекува деновиве

Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец, а температурата ќе се движи од девет до 18 степени.

Во Скопје ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен и северозападен правец.

Температурата ќе достигне до 14 степени.

Потоа следи период на променливо облачно време без промена на дневната температура, а локален дожд ќе има во петок.