среда, 24 мај 2017  |  Вести денес: 22

Ако Велика Британија ја напушти ЕУ и Чешка ќе зборува за излегување

Соботка предупредува пред евентуалното излегување од Унијата, оценувајќи дека тоа би довело до враќање на Чешка во сферата на влијанието на Русија и признава дека не го посакува тоа.

Bohuslav Sobotka, politik

Последни вести

Ако Велика Британија ја напушти Европската унија, чешкиот премиер Бохуслав Соботка и во Чешка очекува слични дебати, јави дописникот на МИА од Прага.

Соботка предупредува пред евентуалното излегување од Унијата, оценувајќи дека тоа би довело до враќање на Чешка во сферата на влијанието на Русија и признава дека не го посакува тоа.

Велика Британија за останувањето во ЕУ ќе одлучува на Референдум во јуни.

– Последиците, од излегувањето на Велика Британија може да бидат навистина огромни, рече Соботка, кој и претходно предупредуваше на бранот на национализам и сепаратизам, кој во таков случај смета дека може да почне да се шири на континентот.

Соботка смета дека на Чесите треба да им се објасни зошто нивната земја треба да остане во Европската унија.

Тој рече дека повлекувањето од ЕУ, покрај можното зајакнување на руското влијание ќе доведе и до „економски и безбедносни загуби“.

– Тоа ќе биде апсолутна негација на развојот по 1989 година, заклучи Соботка.

Најчитани вести