петок, 28 јули 2017  |  Вести денес: 0

Министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ лично ги повлекле оставките

spasovski

Последни вести

Собраниските служби информираат дека вечерва министрите и дополнителните заменици министри од СДСМ лично ги повлекле условените оставки што денеска ги поднесоа до Владата.

Како што веќе објавивме министрите и дополнителните заменици министри од редовите на СДСМ денеска околу пладне поднесоа оставки од функциите во Владата на Република Македонија.

Доколку остане во сила одлуката за распуштање на Собранието донесена на 18 јануари годинава бараме оставките претходно да се констатираат, соопшти денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Согласно Договорот од Пржино Владата во којашто учествуваме се формираше за организирање фер и кредибилни избори откако ќе се исполнат сите точки од овој договор, рече Спасовски во изјавата за медиумите дадена пред Владата на РМ.

Најчитани вести