Груевски: Дневните силења и надмудрувања кој денес испаднал послаб, а кој појак ќе завршат на 5-ти јуни

На оние кои сметаат дека во изминитатиот период ВМРО направи премногу компромиси, сакам да им порачам, дека нашата компромисност кои некои го нарекуваат прекумерно попуштање се должи исклучиво во нашата верба во нашиот народ, нашата држава и во силата која народот ни ја дава. Дневните силења и надмудрувања кој денес испаднал послаб а кој појак ќе завршат на 5-ти јуни, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски во своето обраќање вечерва.

-Го слушнав пред малку Заев како вели дека ништо веќе не зависи од Никола Груевски. Со тоа самиот призна дека се создадени сите услови за да се оди на 5-ти јуни на избори. Затоа Заев, ајде собери храброст и соочи се со народот, наместо да се обиколуваш со луѓе кои аплаудираат за се и се пресреќни што само за еден месец се пролонгирале изборите и големиот пораз кој ве чека, рече Груевски.