Столтенберг: Проблемот со Кипар може да биде решен мошне брзо

Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг изрази увереност дека проблемот на етнички поделениот остров Кипар може да биде решен мошне брзо.

Столтенберг пред поткомисијата за одбрана и безбедност во Европскиот парламент ги поздрави напорите, кои лидерите на Кипар ги вложуваат за решавање на кипарското прашање.

Тој нагласи дека е постигнат значителен напредок во преговарачкиот процес меѓу двете заедници и додаде дека има реална перспектива спорот да биде решен мошне скоро.