Иницијативата за помилување изборни нерегуларности доби зелено зветло

Уставниот суд, со пет гласа „за“ и четири “против, ја изгласа измената во Законот за помилување, со која повторно му се дава право на претседателот да помилува лица осудени за изборни нерегуларности.

Уставниот суд гласаше по иницијативата која беше вчера доставена до овој суд.  Предлагачот тврди дека според постоечките законски одредби за помилувањето доаѓало до мешање на законодавната и извршната власт, односно Собранието со изгласаните измени во 2009 година се замешало во ингеренциите на претседателот на државата.

Владата и Собранието испратија мислење дека Законот не е во спротивност со Уставот, но мнозинството уставни судии за прв пат не се согласи и поведе постапка за уставноста на овој закон.

Иницијативата ја поддржаа судиите Никола Ивановски, Елена Гошева, Јован Јосифовски, Вангелина Маркудова и Владимир Стојановски.