Јакимовски: СДСМ повторно ќе плаче по амбасадите пред избори

СДСМ повторно ќе плачат по амбасадите, а амбасадорите повторно ќе вршат притисок за одложување на изборите на 5.јуни.

Ова денеска го истакна претседателот на политичката партија ГРОМ, Стевчо Јакимовски.

Јакимовски додаде дека тоа ќе биде така се додека не се инсталира марионетската Влада на СДСМ, која што има задача да прими 500.000 бегалци во Република Македонија и земјата да ја претвори во еден огромен бегалски камп.

Во врска со одложувањето на датумот за предвремени парламентани избори, кои ќе се одржат на 5 јуни, Јакимовски вели дека прогнозите на ГРОМ се реализирале.

– Од 2 јуни минатата година, до 24 април, или период од 10,5 месеци, Државната изборна комисија не мрдна, ниту со мал прст во насока на прочистување на избирачкиот список. Затоа, во исто време, членовите на ДИК си слават Св. Валентајн, си одат на викенди и не работат попладне, безмилосно ги трошат народните пари, земаат плата од народот и лажат дека списокот не е прочистен, изјави Јакимовски.

Јакимовски додава дека ГРОМ како политичка партија е убедена дека на 7 април повторно ќе ја имаме вчерашната ситуација, кога СДСМ ќе одбива да учествува на избори, со изговори дека немало доволно време да се прочисти избирачкиот список, и дека медиумите не се регулирани. Повторно ќе се жалат и ќе плачат по амбасади и амбасадори.

-Заради овие наведени причини и предвидени безбедносни ризици ГРОМ предупредува: Чичаковски да не помислува да ги користи истите трикови од неговите претходници, и да си даде оставка, затоа што тогаш на СДСМ ќе му се случи народ- и тоа гневен народ. Македонското стопанство, институциите и народот повеќе не можат да ја издржат оваа голгота. Македонскиот народ и граѓаните на Република Македонија се во состојба да изберат ужас без крај, или ужасен крај. Одговорноста за таквиот ќорсокак ќе ја сноси СДСМ и ние како политичка партија немаме намера да учествуваме и да дозволиме такво разградување на државата, заклучи на крај првиот човек на ГРОМ.