понеделник, 24 јули 2017  |  Вести денес: 75

Француски специјалци во тајни операции против ИД

ID

Последни вести

Француски специјалци и командоси на разузнавачките служби ангажирани се во тајни операции против т.н. Исламска држава (ИД) во Либија заедно со САД и Велика Британија, објави францускиот весник „Ле Монд“, пренесува МИА.

Според весникот, францускиот претседател Франсоа Оланд одобрил „неофицијална воена акција“ како елитни единици на оружените сили, така и командоси на разузнавачката агенција ДГСЕ во Либија, во која постојат две ривалски влади и пустински делови со кои никој не управува.

Т.н. „тајната француска војна во Либија“, вклучува повремени насочени напади врз лидерите на ИД, подготвени со дискретно делување на терен, за да се забави нејзиното јакнење во Либија, пишува „Ле Монд“.

Француското Министерство за одбрана одби да го коментира текстот, но извор близок до министерот за одбрана изјави дека наредил истрага за „кршење на тајноста на националната одбрана“, за да ги идентификува изворите на весникот.

Оланд рече дека Франција е во војна со Исламска држава, откако ја презеде одговорноста за терористичките напади во Париз на 13 ноември во кои беа убиени 130 луѓе.

Министерството за одбрана претходно потврди дека француски авион неодамна изведувал извидувачки летови над Либија, каде Франција имаше водечка улога за време на НАТО кампањата во 2011 година, која им помогнала на бунтовниците да го урнат режимот на Моамер Гадафи.

Најчитани вести