вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 61

МАРС: Нема од спорните производи на македонскиот пазар

marss

Поврзани вести

Компанијата МАРС информира дека на македонскиот пазар нема пласирано од спорните производи кои ги повлекува на европскиот пазар.

Поради безбедносни причини компанијата ги повлекува од промет производите кои се произведени во фабриката во Холандија (Veghel) поради сомневање од појава на пластика во МАРС производите, пренесува МИА.

На ниво на ЕУ, компанијата ги повлекува од пазарот производите [SNICKERS®, MARS® MILKY WAY® и CELEBRATIONS®] по пронаоѓање парче пластика во еден од производите.

Од компанијата информираат дека повлекувањето на чоколадите се однесува само на производите кои се произведени во фабриката во Холандија. Ова, според нив, е изолиран случај кој се однесува само на горенаведените производи кои се произведени во фабриката во Холандија. Според МАРС, ниеден друг тип чоколади, друго пакување, големина на чоколадите, серија на производство, рок на употреба или производ кој е произведен на други локации не се засегнати со овој случај.

Најчитани вести