Brit Awards 2016: Адел апсолутна победничка (ВИДЕО)

Brit Awards 2016: Адел апсолутна победничка (ВИДЕО)
Brit Awards 2016: Адел апсолутна победничка (ВИДЕО)

Наградите за најдобрите британски изведувачи „Брит аворд“ се доделени синоќа во „О2“ арената, а вечерта ја одбележа неповторливата музичка дива Адел, која освои дури четири награди.

Адел доби  награда најдобар женски соло-артист , за најдобар албум на година за „25“, нејзиниот хит „Hello“ беше прогласен за најдобар британски сингл и доби посебна награда за британски изведувач со најголема светска слава.

Во текот на свеченоста на доделувањето на наградите му беше оддадена почест на неодамна починатиот британски музичар Дејвид Боуви, на кој постхумно му беше доделена „Брит авордс“ награда.

Признанието за најдобра музичка група го доби составот „Колдплеј“, и тоа за нив е деветти трофеј за најдобра британска група, што ги прави едни од најсупешните музичари кога станбува збор за „Брит авордс“.

Пред нив е недостижниот Роби Вилијамс со 17 награди, и тоа 12 како соло -изведувач и пет со групата „Тејк дет“.

Од останатите награди, за најдобар соло-изведувач е прогласен Џејмс Беј, додека за најдобра странска група е прогласен бендот „Таме Импала“. Наградата за најдобар интернационален изведувач ја освои Џастин Бибер, а најдобар женски изведувач е Бјорк.

Наградата за најдобар спот на годината ја освои групата „Уан дирекшн“.

На свеченоста настапија поп-ѕвездата Ријана со раперот Дрејк кои го изведоа својот нов сингл „Work“, потоа Џастин Бибер, Д Викенд, Литл Макс, а Лорде и Ени Ленокс настапија во чест на Дејвид Боуви со неговата песна „Life on Mars“.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.