Нема пластика во чоколадите на „Марс“ во Македонија

На македонскиот пазар нема од спорните производи на „Марс“
На македонскиот пазар нема од спорните производи на „Марс“

Компанијата МАРС информира дека на македонскиот пазар нема пласирано од спорните производи кои ги повлекува на европскиот пазар.

Поради безбедносни причини компанијата ги повлекува од промет производите кои се произведени во фабриката во Холандија (Veghel) поради сомневање од појава на пластика во МАРС производите.

На ниво на ЕУ, компанијата ги повлекува од пазарот производите [SNICKERS®, MARS® MILKY WAY® и CELEBRATIONS®] по пронаоѓање парче пластика во еден од производите.

Од компанијата информираат дека повлекувањето на чоколадите се однесува само на производите кои се произведени во фабриката во Холандија. Ова, според нив, е изолиран случај кој се однесува само на горенаведените производи кои се произведени во фабриката во Холандија. Според МАРС, ниеден друг тип чоколади, друго пакување, големина на чоколадите, серија на производство, рок на употреба или производ кој е произведен на други локации не се засегнати со овој случај.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.