понеделник, 26 декември 2016  |  Вести денес: 43

ИД им се заканува на директорите на Фејсбук и Твитер

id

Последни вести

Исламска држава им се закани на директорите на социјалните мрежи Фејсбук и Твитер, Марк Цукерберг и Џек Дорси, поради нивните напори да ги укинат профилите на медиумите на интернет кои ги користат екстремистите.

Интернет експертите на порталот „Телеграм“, кој го користи ИД, пронашле видео снимка од 25 минути со фотографии на Цукерберг и Дорси „прекриени со дупки од куршуми“, пренесува МИА.

Твитер на почетокот од месецов соопшти дека избришал 125.000 налози поради „заканувачките пораки и промовирање на терористички напади“. Повеќето од овие корисници биле поврзани со ИД.

Фејсбук, исто така, соопшти дека преземал чекори за спречување на терористите да ги користат профилите.

ИД тврди дека хакирала повеќе од 10.000 профили на Фејсбук, над 150 Фејсбук групи и 5.000 Твитер налози.

– Ако затворите еден налог, ние ќе отвориме десет нови, се наведува во наводната порака на ИД.

Најчитани вести