Јолевски: Армијата останува на јужната граница се додека има потреба

Јолевски: Армијата останува на јужната граница додека има потреба
Јолевски: Армијата останува на јужната граница додека има потреба

Армијата останува на јужната граница се додека има потреба за тоа. Во зависност од проценките на теренот и бројот на бегалците, не се исклучува можноста и за зголемување на бројот на војниците и старешините, посочи министерот за одбрана Зоран Јолевски.

АРМ на терен само и асистира на полицијата која е одговорна за безбедноста на границите. Сеуште е во сила одлуката за кризна состојба на дел од јужната граница.

„Во овој момент на нашата јужна граница имаме околу 200 војници, а во зависност од потребите тој број може да се зголеми, но предвидено е да се ангажираат до 1000 војници доколку има потреба“, изјави министерот за одбрана Зоран Јолевски.

Македонија и Босна и Херцеговина активно соработуваат преку размена на безбедносни информации во превенирањето на заканите од тероризмот и од ИСИЛ. Како што вели босанската министерка за одбрана Пендеш, клучно е да се занимаваме со причините. Иако Босна и Херцеговина не е дирекно засегната со бегалската криза,  неопходна е меѓусебната помош. За стабилен регион, поребно е и евроатлантско интегрирање на земјите од Западен Балкан.

jolevski pendes

„Што се однесува до борбата против тероризмот, може да размениме одредени искуства и тоа ни е заедничка цел. Тероризмот не е врзан за држава, ниту за регион. Тој е глобален светски проблем. Битно е да се занимаваме со причините, а не со последиците и крајно време е да си помагаме и во однос на бегалската криза“, изјави Марина Пендеш, министер за одбрана на Босна и Херцеговина.

 

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.