понеделник, 5 декември 2016  |  Вести денес: 49

Москва: Наводите за план Б за Сирија се загрижувачки

MOSKVA

Последни вести

Рускиот заменик-министер за надворешни работи, Михаил Богданов денеска изјави дека американските наоди за „некаков план Б за Сирија“ предизвикуваат загриженост.

Тој истакна дека Москва не знае ништо за тие планови и наведе дека се приближуваме „до моментот на вистината – прекин на огнот“.

– Уверени сме дека сега сите сили би требало да се насочат кон примена на договорите кои беа постигнати за прекин на огнот, објасни Богданов.

Потпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова, пак, истакна дека Русија не го поддржува режимот на сирискиот претседател Башар Асад, но ги дели неговите цели во борба против тероризмот.

– Ние не го поддржуваме режимот на Асад, но го поддржуваме во борбата против тероризмот, ја поддржуваме опозицијата и Курдите кои се борат против ИД, нагласи Захарова.

Американскиот државен секретар Џон Кери вчера изјави дека можеби ќе биде тешко да се задржи Сирија како единствена земја, долколку долго време се чека на окончување на војната.

Кери наведе дека САД во рок од неколку дена ќе знаат дали предложениот прекин на непријателството во Сирија, кој треба да стапи во сила утре вечер, ќе се спроведе. Доколку не дојде до политичка транзиција, постои опција „план Б“, изјави Кери.

– Може да дојде до таму да биде доцна да се зачува Сирија како единстевна држава долку чекаме долго, рече Кери.

Најчитани вести