Заложничка драма во центарот на Лондон

Вооружен маж доцна синоќа грабнал жена и ја држел како заложник во ресторан во центарот на Лондон.

 

Полицијата која набргу се нашла на местото на инцидентот го забранила минувањето на пешаците во оваа пешачка зона, каде постојано има многу луѓе, а на посетителите во бројните ресторани околу скверот им било речено да останат внатре.

Полициската опсада завршила пред полноќ, кога напаѓачот бил приведен и одведен во полиција.

Во соопштението на Метрополитен полицијата се вели дека никој не бил повреден во овој инцидент.

Засега не се знае идентитетот на грабнувачот, како и на нападнатата жена. Не се знае ниту мотивот за нападот, освен што полицијата вели дека тој не е поврзан со тероризам.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.