Му побарал цигара па пукал кон него

Вчера околу 15.30 часот во с.Чајле, гостиварско, Е.Е (28) без повод и причина испукал еден куршум во близина на левата нога на С.Ќ. (34) од истото село.

Додека С.Ќ., заедно со Ј.Р., работеле кај лицето И.Е., со трактор дошол Е.Е., побарал цигара од С.Ќ.  и во тој момент го испукал куршумот.

Направен е увид на местото на настанот, а Е.Е. е приведен со оружјето.

Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.