ФЗОМ одобри средства за лекување во странство за уште три лица

Фондот за здравствено осигурување на Македонија, меѓу другите, одобри средства за лекување во странство и за осигурените лица М.М, за И.П. и за Е.Д. за кои имаше апели за донација за лекување во странство, информираат од ФЗОМ.

Од таму велат дека Фондот продолжува посветено да работи на обезбедување на квалитетни здравствени услуги на осигурените лица.