„Алкалоид“ со раст на консолидираните продажби од 6%, раст на консолидираната нето добивка од 8%, инвестиции од над 986 милиони денари и 102 нови вработувања во 2015

„Алкалоид АД“ Скопје оствари позитивни финансиски резултати во периодот јануари – декември 2015 година, покажуваат неревидираниот единечен и неревидираниот консолидиран Биланс на успех.

Во периодот јануари – декември, вкупните консолидирани продажби достигнуваат 7.860 милиони денари, што е за 6% повеќе во споредба со истиот период лани. Вкупниот консолидиран извоз на компанијата, пак, е зголемен за 10%. Зголемување од 2% е забележано и кај добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која достигнува 1.157 милиони денари, додека нето консолидираната добивка од 666 милиони денари е зголемена за 8%, покажува консолидираниот Биланс на успех.

Според единечниот Биланс на успех, пак, во периодот јануари – декември, продажбите достигнуваат 6.018 милиони денари, што е за 4% повеќе во споредба со истиот период лани. Добивката пред финансиски трошоци, даноци и амортизација (ЕБИТДА), која изнесува 1.070 милиони денари, бележи намалување од околу 1%, додека нето добивката е зголемена за 3%.

Вкупните инвестиции во основни средства во периодот јануари – декември 2015 година изнесуваат 986.806 илјади денари.

Во периодот јануари – декември 2015 година во Алкалоид се реализирани 102 нови вработувања во Република Македонија.