Чоколадото ја подобрува функцијата на мозокот

Личностите кои почесто конзумираат чоколадо постигнуваат подобри резултати на тестовите за визуелно и просторно паметење, имаат поголема способност за организација и апстрактно размислување, покажуваат резултатите на истражувањето од Универзитетот во Австралија.

Според зборовите на истражувачите, ваквите наоди можат да им се припишат на позитивното делување на антиосидансот флавоноид во чоколадото.

Стручниот магазин „Апетит“ пишува дека флавоноидите веќе се поврзани и со позитивното влијание врз здравјето на срцето.