Познати сите учесници во осминафиналето на фудбалската Лига Европа

Познати сите учесници во осминафиналето на фудбалската Лига Европа
Познати сите учесници во осминафиналето на фудбалската Лига Европа
Со одигрувањето на реванш дуелите од првата елиминациска рунда, комплетиран е списокот на учесници во осминафиналето на фудбалската Лига Европа.

Меѓу шеснаесетте тима кои ќе продолжат понатаму ќе ги нема Наполи, кој беше елиминиран од Виљареал, Порто, кој и по втор пат беше поразен од Борусија Дортмунд, како и Фиорентина, која на гостувањето во Лондон кај Тотенхем загуби убедливо.

Затоа пак пласман во осминафиналето обезбедија: Брага, Фенербахче, Ливерпул, Лацио, Баер Леверкузен, Спарта Прага, Атлетик Билбао, Шахтјор Донецк, Валенсија, Базел, Виљареал, Олимпијакос, Севиља, Манчестер Јунајтед, Борусија Дортмунд и Тотенхем.

Комплетни резултати од реванш натпреварите од 1/16-финалето во Лига Европа: Брага – Сион (2:1 прв натпревар), Локомотив Москва – Фенербахче 1:1 (0:2), Баер Леверкузен – Спортинг Лисабон 3:1 (1:0), Краснодар – Спарта Прага 0:3 (0:1), Лацио – Галатасарај 3:1 (1:1), Ливерпул – Аугсбург 1:0 (0:0), Атлетик Билбао – Олимпик Марсеј 3:1 (1:0), Шалке – Шахтјор Донецк 0:3 (0:0), Рапид Виена – Валенсија 0:4 (0:6), Базел – Сент Етијен 2:1 (2:3), Наполи – Виљареал 1:1 (0:1), Олимпијакос – Андерлехт 1:2 по продолжение (0:1), Молде – Севиља 1:0 (0:3), Манчестер Јунајтед – Митјиланд 5:1 (1:2), Порто – Борусија Дортмунд 0:1 (0:2) и Тотенхем – Фиорентина 3:0 (1:1).

Ждрепката за осминафиналето ќе се одржи денеска, а натпреварите ќе се играат на 10, а реванш дуелите на 17 март.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.