Мистериозна унгарска мумија може многу да ни открие за ракот

Мистериозна унгарска мумија може многу да ни открие за ракот
Мистериозна унгарска мумија може многу да ни открие за ракот

Унгарска мумија од 18 век би требало да докаже дека генетските предиспозиции за рак на дебелото црево не се резултат на модерниот начин на живот и исхрана, тврдат научниците.

Ако нивната теза се потврди, тоа ќе даде сосема поинаков агол на гледање на дебатата за тоа колку преработена храна, неактивност и други фактори влијаат на појавата на оваа болест.

Истражувачите студијата ја започнале откакао е откриено дека некои од унгарските мумии боледувале од туберкулоза.

„Колоректалниот канцер е меѓу најопасните болести на модерното време, вели Рина Розин Арбессфелд од Универзитетот во Тел Авив, која учествувала во истражувањата објавени во стручниот магазин  „Plos One“.

„Сакавме да откриеме дали луѓето во минатото ја носеле мутацијата „APC“, колку била таа присутна и дали станува збор за истата мутација каква што ја познаваме денес. Со други зборови, сакавме да донаеме дали зголемувањето на бројот на заболени од рак на дебелото црево е последицца на промена на начинот на живот на човекот“.

Мутацијата на „APC“ генот е многу честа појава и е поврзана со развојот на колоректалниот карцином.

„Според досегашнте сознанија, генетската карактеризација на мутациите поврзани со колоректалниот канер кај древните остатоци од тела сеуште не е опишана во стручната литература, стои во истражувањето.

Истражувањето покажало дека генетските предиспозиции за канцер постоеле и во преиндустриската ера.

„Дебелината, физичката неактивност и исхраната богата со црвено и преработено месо, зголемената консумација на алкохол и пушење, на долги патеки претставуваат специфични фактори на ризик за колоректалниот канцер. Меѓутоа, тие биле премалку „во игра“  во прединдустриската Унгарија во 18 век.  За сега пронајдовме само една мутација поврзана со канцерот кај унгарските мумии, па потребно ни е многу повеќе докази за да  дојдеме до значајнии заклучоци, вели Арберсфелд.