вторник, 17 јануари 2017  |  Вести денес: 0

„Дневник“: Незаконската снимка на Латас и Иванов потекнува од разговорите дадени на Чауш

caus

Последни вести

Снимката од прислушуваниот разговор меѓу новинарот на телевизијата „Сител“ Драган Павловиќ – Латас и сопственикот на овој медиум Горан Иванов потекнува од снимките на 70.000 разговори кои биле пронајдени кај уапсените во аферата со фалсификуваните лични карти, дознава „Дневник“ од извори во истрагата.

Таа, најверојатно, е само една од снимките кои од овој центар биле продадени или отстапени на други лица за да се искористат и пуштат во етер во соодветен момент. Приватни разговори на Павловиќ и Иванов, во кој се спомнуваат нивните релации со други лица и со што е извршен груб и противзаконски упад во приватноста на граѓаните прво е пуштен преку „Јутјуб“ од непознат сторител, а потоа се прошири преку социјалната мрежа „Фејсбук“ и одредени интернет-портали. Истовремено, веќе трет ден надлежните институции не информираат и не преземаат мерки за попречувањето на објавувањето на нелегално прислушуваните приватни разговори на граѓаните, откривањето на сторителите кои тоа го направиле и санкционирањето на вакви незаконски дејствија. Од специјалното јавно обвинителство и МВР и вчера не одговорија на прашањата што им ги поставивме во врска со овој случај, а се однесуваат на тоа дали од своја страна планираат нешто да преземат во однос на ваквото нелегално и противзаконско објавување приватни разговори. Односно, дали ќе се отвори истрага за овој случај и ќе се преземат соодветни истражни дејствија со оглед на тоа што објавувањето на снимките од незаконското прислушување е казниво според Кривичниот закон и се гони по службена должност. Без значителна реакција е и Јавното обвинителство на РМ од каде што на нашето прашање дали објавената снимка потекнува од 70-те илјади разговори пронајдени во т.н. Фабрика за афери кусо ни одговорија дека се преземени сите истражни мерки за да се утврди дали снимката потекнува од тие разговори или не.

Повеќе на Дневник.мк

Најчитани вести