ВМРО-ДПМНЕ: Односот на СДСМ кон медиумите го има само во Северна Кореја и ИСИЛ

Потпретседателот на СДСМ, Радмила Шекеринска вчера доби 3900 секунди на Телма да ја лаже и манипулира македонската јавноста и дополнителни 2642 секунди на Нова ТВ. Тоа се вкупно 6542 секунди медиумски простор исклучиво наменет за СДСМ и себепромоција на Радмила Шекеринска, велат денес од ВМРО-ДПМНЕ.

Интегрален текст од соопштението на ВМРО-ДПМНЕ

Во сите овие 6500 секунди, Радмила Шекеринска не доби ниту едно прашање поврзано со правното толкување на СДСМ во 2009 дека предложените измени во Законот за помилување биле неуставни и требало да бидат отфрлени од Уставниот суд. Шекеринска не беше прашанa, ниту спомна за нејзиниот став во врска со аболицирањето на осомничени криминалци како Зоран Заев. Шекеринска во своите настапи не беше прашана каде е нејзината јахта „Ада“ и со кој образ пред граѓаните говори за средна класа.

Во вестите на Телма беа емитувани четири прилози во времетраење од околу 650 секунди во кои индиректно преку инсинуации, медиумот го напаѓаше ВМРО ДПМНЕ, а ги застапуваше ставовите на СДСМ. Таквото неизбалансирано известување беше уште поприсутно на 24 Вести каде во 7 прилози или околу 750 секунди во негативен контекст беше оцрнувано ВМРО ДПМНЕ, а беа застапувани позициите на СДСМ.

Срамота и очевиден безобразлук е СДСМ, Зоран Заев и Радмила Шеќеринска да зборуваат за слобода на медиуми и за правична застапеност, во услови кога челниците на СДСМ не излегуваат од кадар на телевизиите и порталите.

На порталите финансирани од Сорос и СДСМ ситуацијата е уште подраматична, односно истите функционираат единствено како партиски гласила. На Плусинфо, Либертас, А1 он, Фокус, НоваТВ и низа други објавени се преку 120 текстови во кои се воспева и промовира работењето на СДСМ, а околу 100 текстови во кои на најдолен начин, неаргументирано се напаѓа ВМРО ДПМНЕ.

Колку пари чини и на каков начин се плаќа ваквата промоција на СДСМ треба да стане предмет на интерес на истражните органи. Дали сите овие медиуми се регистрирани како медиуми, исто така треба да биде предмет на интерес на истражните органи. Тие треба да утврдат дали за медиумските мегафони на СДСМ важат истите закон како и за останатите граѓани, односно дали се исплаќаат пари за ваквата пропаганда на сметка или се оди на рака.

СДСМ е лицемерен кога зборува за професионализам на медиумите. СДСМ лаже кога споменува медиумски мрак. СДСМ сака целосна контрола врз медиумите. СДСМ сака сите медиуми да работат по урнек на овие кои без забелешки ги спроведуваат диктатите од Бихаќка. СДСМ медиумите кои не работат под диктат на Бихаќка ги нарекува политички непријатели, врши постојан притисок врз нив кој резултира со организирани хајки. Тоталитарните идеи на СДСМ значат обид за воведување цензура, високи казни и одземање лиценци за медиумите кои СДСМ ги смета за свои политички непријатели.

Ваков однос кон медиумите како односот на СДСМ, има само во Северна Кореја и ИСИЛ.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.