Хрватска и Словенија ќе пуштаат до 500 мигранти дневно

Хрватска и Словенија ќе пуштаат до 500 мигранти дневно
Хрватска и Словенија ќе пуштаат до 500 мигранти дневно

Србија добила официјална потврда од хрватската полиција дека Словенија и Хрватска од денеска ќе прифаќаат не повеќе од 500 мигранти на ден, јави Танјуг.

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави за локални медиуми дека побарал писмена потврда од хрватската страна за да може да докаже дека новиот режим за прием на мигранти не е „измислен од Србија“.

Во Србија во моментот има околу 2.000 мигранти од кои само 38 побарале азил во изминатите неколку дена.

– И тие што побараа азил тоа го направиле за да останат неколку дена за да одморат, пред да продолжат понатаму. Така само купуваат време, изјави Стефановиќ и додаде дека мигрантите не сакаат да останат во Србија, Хрватска или Македонија туку сакаат да стигнат до западна Европа.