Рама: Албанија нема да стане нова рута за бегалците

Албанија нема да стане нова рута за мигрантите кои одат кон западна Европа, бидејќи земјата нема ни услови, ни сила, а ни ентузијазам да го спасува светот додека другите ги затвараат границите, порача албанскиот премиер, Еди Рама.

Гостувајќи во едно ток-шоу, синоќа Рама го изнел ставот дека Албанија нема да гради ѕид за да го спречи влезот на бегалци и мигранти.

Рама истакнал дека Албанија не може да го понесе „целиот товар“.

Албанија шест месеци разговарала со претставници на италианската влада за тоа што треба да се направи ако мигрантите дојдат во нивната земја, бидејќки „нормално тие нема да останат во Албанија, туку сакаат да одат во Италија“, рекол Рама.

Таа додала дека зголемување на бројот на бегалци на албанската граница, е резултат на одлуката на соседна Македонија, да го намали влезот на авганистанските мигранти од Грција како и да введат построги контроли за Сиријците и Ирачаните.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.