среда, 29 март 2017  |  Вести денес: 9

Нема нова истрага за смртта на претседателот Трајковски

Јавното обвинителство нема правна пречка и натаму да ги испитува сите околности на настанот.​

Нема нова истрага за смртта на претседателот Трајковски

Нема нова истрага за смртта на претседателот Трајковски

Последни вести

Јавното обвинителство на Република Македонија во врска со истрагата за авионската несреќа во која животот го загуби поранешниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски и неговите сопатници, информира дека до овој момент од досега утврдените факти во предметот, како и од поднесениот извештај од Меѓународната комисија за испитување на причините за несреќата и од други во меѓувреме добиени и прибавени материјали, во досегашната компарација со претходните извештаи и докази, не произлегуваат нови околности кои би довеле до донесување на поинаква одлука од претходно донесената Резолуција.

Иако извештајот на Меѓународната комисија за испитување на причините за несреќата не е дел од официјалната истрага, тој е земен во разгледување од страна на Јавното обвинителство и е анализиран компаративно, давајќи му третман како и на сите информации кои досега се примени. Притоа е утврдено дека од извештајот не произлегуваат нови релевантни околности за промена на веќе донесената одлука.

Во исто време потенцираме дека резолуцијата не е конечна одлука. Тоа значи дека Јавното обвинителство нема правна пречка и натаму да ги испитува сите околности на настанот.​

Најчитани вести