Путин: „Странски непријатели“ се подготвуваат за избори во Русија

Путин: „Странски непријатели“ се подготвуваат за избори во Русија
Путин: „Странски непријатели“ се подготвуваат за избори во Русија

Рускиот претседател Владимир Путин ја предупредил Федералната служба за безбедност (ФСБ) дека „странските непријатели“ се подготвуваат за избори во Русија

Како што пренесува ТАСС, Путин рекол дека обидите на странците да се замешаат во руските избори, Москва ги гледа како директна закана за нејзиниот суверенитет. Претседателот на Русија навел дека ФСБ открила повеќе од 400 агенти на странски служби.

Путин, исто така, и’ наложил на ФСБ да ја засили контролата над приливот на бегалци кои во Европа доаѓаат преку Русија.

Шефот на Кремљ и’ наредил на ФСБ да ја засили соработката со странските партнери во Обединетите нации, Шангајската организација за соработка и Организацијата за безбедност и соработка.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.