вторник, 28 март 2017  |  Вести денес: 0

Дали правилно ја употребувате алуминиумската фолија? Може да биде опасна!

folija

Последни вести

Секоја готвачка задолжително во својата кујна треба да има алуминиумска фолија која и е од корист во многу ситуации, од печење до одложување на храната. Но, дали правилно ја употребувате?

Еве неколку совети како правилно да ја користите алуминиумската фолија.

За да спречите кожата од пилето да изгори, пред целосно да се испече држете го местото покриено со фолија дел од времето додека се пече.

Немојте да користите фолија во микробранова печка, бидејќи може да ја оштетите, а и алуминиумот одбива електромагнетски бранови, па храната нееднакво се готви.

Не користете фолија на храна која е богата со киселини, како кисело овошје, храна со сирење, домати… По неколку дена во фолија, киселината реагира со алуминиумот и доаѓа до уништување на фолијата. Храната може дури да добие и метален вкус, а тоа никако не е здраво.

Имено, трудете се да не ја употребувате алуминиумската фолија пречесто, бидејќи на тој начин може да дојде до зголемување на нивото на алуминиум во нашето тело. Користете ја на температури пониски од 150 степени, за време на печење, кога тоа е можно. Иако, алуминиумот не можеме да го избегнеме, можеме со одредени трикови да го исчистиме од организмот. За тоа користете сок од лимон, куркума, лук, морски алги…

 

 

Најчитани вести