Груевски ја посети општина Гази Баба

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ денес оствари посета на општина Гази Баба каде заедно со градоначалникот Тони Трајковски направија обиколка на повеќе населени места.

Во село Стајковци, каде беше пуштена во употреба реконструираната улица „Антон Велковски“, градоначалникот на Гази Баба Тони Трајковски и жителите наведоа дека целосно е решен проблемот со фекалната канализација со помош на финансии од Владата и од Град Скопје, како и водоводните приклучоци. Жителите побараа изградба на спортска сала за учениците од ОУ „Кирил и Методиј“ и игралиште, за што од општината објаснија дека немаат државно земјиште и се бара локација за откуп на приватно. Претсавниците од Владата и од општината ветија дека ќе ги разгледаат и барањата за изградба на градинка затоа што во тој реон има седум илјади жители, како и за отворање филијала на банка или пошта и поставување банкомат.

gazi-baba-gruevski

Во селото Сингелиќ, пак, во тек се градежни активности за санација и реконструкција на ул.„Алија Авдовиќ“ со атмосферска канализација.  Претходно, како што беше потенцирано на средба со граѓаните, се вложени милион евра во обнова на училиштето. Тамошното население, исто така бара изградба на спортска сала за училиштето „25 Мај“ каде настава посетуваат 1.500 ученици.

najdenovska-gruevski

Градежни активности се почнати и за санација и обнова на улица „10“ во село Инџиково, во должина од километар, за што општината добила финансии од Владата преку Агенцијата за рурален развој. Таквите можности, како што потенцираа министерот за транспорт и врски Владо Мисајловски и Груевски, не ги искористила се уште општина Куманово. – Тука локалната власт ги има искористено сите средства за водоводни и канализациски системи преку Агенцијата. Градоначалникот од  Куманово се уште не сака да ги достави проектите за што парите се уште се на располагање. Кога ќе ги достави проектите моја одговорност е да распишам тендер, рече Мисајловски.

gruevski-sredba1

Овие проекти се по програмата на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој и вкупната инвестиција е околу 50 милиони денари.

gruevski-sredba

Потенцијал  за развој на населените места кај Инџиково и отворање работни места се очекува да обезбеди најавената индустриска зона. Во завршна фаза е изработката на деталниот план што треба да заврши за месец, по што ќе следи проектирање. – Станува збор за голема зона од 280 до 300 хектари од кои 40 проценти е државно, а 60 проценти приватно земјиште. Има заинтересирани инвеститори што сакаат да градат тука и ќе ги видиме нивните потреби, наведе градоначалникот Трајковски.

gruevski-trajkovski

gruevski-singeik

И во Инџиково, исто така, жителите бараат да се изгради градинка, а претставниците од Владата и општината посочија дека ќе се разгледаат сите барања и се интересираа за евентуални можни локации за таков објект.

Пред посетите на селата Стајковци, Сингелиќ и Инџиково, во населбата Ченто беше пуштена во употреба спортска сала во ОУ „Крсте Мисирков“, преку владиниот проект што го спроведува Агенцијата за млади и спорт.

gazi-baba-2ngruevski

igralistye-gazi-baba

igraliste2-gazi-babaa