вторник, 25 јули 2017  |  Вести денес: 61

Мадона го прекрши филипинскиот закон на сцена

Мадона го прекршила законот со кој се забранува носење на знамето на Филипините како костим, еден негов дел или униформа, пренесуваат медиумите.

Madonna_Rebel_Heart_Tour

Последни вести

Американската пејачка Мадона би можела да добие забрана за влез на Филипини поради непочитување на филипинското знаме на концертите што ги одржа вчера и завчера во Манила.

– Го исмејуваше нашето знаме – изјавил шефот на хералдичкото одделение на Националната историска комисија на Филипините, Теодоро Атиенка.

Како што додал, Мадона го прекршила законот со кој се забранува носење на знамето на Филипините како костим, еден негов дел или униформа, пренесуваат медиумите.

Атиенка рекол дека знамето коешто пејачката го носела на концертот ја допирало сцената, што е уште еден прекршок.

Мадона и продуцентот на концертот би можеле да сносат одговорност за прекршок иако за тоа не биле свесни, пренесува „Ројтерс“.

Организаторите на концертот не одговориле на овие обвинувања.

Подготви: К. А.

Најчитани вести